Усвоени предлог одлуки за годишните планови за вработување во три ЈП
Градските советници ги усвоија финансиските извештаи на ЈП за првиот квартал, а поминаа и одлуките за усвојување на годишните планови за вработување во три ЈП. Едногласно беше усвоена предлог одлука за начинот и постапката на регулирање на паркирање во рамките на градежните парцели. Советниците не дадоа согласност за обезбедување финансиски средства за функционирање на планинската спасителна служба.
На денешната 59 та седница градските избраници ги усвоија финансиските извештаи на ЈП за првиот квартал од ова година. Поминаа и одлуките за усвојување на годишните планови за вработување во три ЈП Нискоградба, Билјанини извори и Охридски Комуналец. Советницте од опозицицјата во Градскиот совет најмногу дискутираа за предлог одлуката усвојување на годишните планови за 40те вработување во ЈП Охридски комуналец.
Гордана Коњаноска, координатор на советничката група на Вмро Дпмне, констатира дека со години наназад се создаваат два табори кога се носат планови и измени за вработувања во ЈП кои стануваат превработени.
„За да се променат состојбите и очекувањата на граѓаните и јавноста која смета дека низ партиите ќе се и ја решат егзистенцијата во ЈП наместо на друг начин еднаш треба да за се заземем ставови по овие прашања да се излезе кога ќе се објективни и блиски до реалноста“.
Директорт на Охридски комуналец, Љупчо Грданоски одговори дека ќе се обиде добронамерно да ја сфати критиката на советничката која е втор мандат во советот, но возврати дека станува збор за двојни аршини во поранешната практика и мометалните гледишта на опозицијата.
„Годишниот план е предвидување. Минатата година ни се случија 3-4 смртни случаи, здравствени проблеми на вработени со траен инавлидитет дали тие работни места треба да ги пополниме и дали треба да ги предвидиме или не? Раководителот на правна служба е со здравствени проблеми долго време ќе е отсутен од работа. Дали Комуналец треба да работи без раководител на правна служба? Мора да ги предвидиме работните места што не значи дека ќе ги пополниме“.
Меѓу 39те точки на денешниот Дневен ред на градскиот совет соевтниците дадоа едногласно зелено севтло за предлог одлука за начинот и постапката на регулирање на паркирање во рамките на градежните парцели. Повторно не помина обезбедување на финансиска поддршка на планинската спасителна служба. 16 советниците беа воздражани при галсањето, еден беше против и само еден советник гласаше за поддршка на спасителната служба.