Skip to main content

Утре 39-та седница на Советот на Општина Охрид

Советот на Општина Охрид утре со почеток во 11 часот и 30 минути ќе ја одржи 39-та седница.

 |  Голабовски Крсте  | 
sednica
седница

На дневен ред ќе се најдат предлог-одлуката за усвојување на програмата за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2015 година.

sednicaНа оваа издание на седницата на Советот, советниците ќе треба да се произнесат и по предлог-одлуките за усвојување на измените и дополнувањата на развојната програма за изработка на урбанистички планови за Oпштина Охрид во 2015 – 2017 година и за поништување на постапката по огласот за воспоставување на договор за јавно приватно партнерство за модернизација, проширување и одржување на системот за јавното осветлување на општина Охрид.

На дневен ред ќе бидат и тримесечните извештаите за реализација на развојнте општински програми, како и предлог-одлука за давање во закуп на недвижен имот.

Најголемиот дел од предлог-одлуките на наредбата седница на Советот на Општина Охрид се однесуваат на легализација на бесправно-изградените објекти.

{loadposition content9}