Skip to main content

Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид

Утре акција за собирање на текстилен отпад

Чисто е убаво! Селектирај!
 |  инфодеск  | 

Од ЈП Охридски Комуналец информираат за утрешната акција за одложување стара облека во контејнерите на Тексомак коишто се поставени во задниот двор на Охрид мол, дворот на Гимназијата, Економското училиште и ОЕМУЦ, како и дворовите на основните училишта „Григор Прличев“, „Св. Наум Охридски“ Пештани, и „Ванчо Николески“ Лескоец.

Запомнете дека одлагањето во дворовите на основните и средните училишта ќе биде возможно во рамките на работното време. Не се одлагаат стари обувки, чанти, итн., се додава во соопштението од претпријатието.