Skip to main content

Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид

Утре акција за подигнување на кабаст отпад од Горна Влашка маала, Карабегомала и населба „Христо Узунов”

Отпадот треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.
 |  инфодеск  | 
Кабаст отпад

ЈП„Охридски Kомуналец” утре, 5 јуни, организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) од У.З.10 и У.З.6 Горна Влашка маала, Карабегомала и населба „Христо Узунов”.

-Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 5 јуни и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот, велат од претпријатието.

Отпадот треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.