Во предворјето на НУЦК Григор Прличев со почеток во 20.00 часот, утре ( 20.06.2024 година), ќе се одржи културната манифестација „Чалгиски звуци“ во чест на познатиот охридски виолинист Климе Садило. На манифестацијата ќе настапат музичката група „Фросина“ и Камерен оркестар Охрид.
Манифестацијата е под покровителство на Општина Охрид.