Skip to main content

Утре ден без автомобили во Охрид

По повод Европската недела на мобилност, која оваа година се одржува под мотото „Избери,промени,комбинирај“, Општина Охрид утре 22септември, го прогласи за Ден без автомобили.

 |  Мишел Наумоски  | 
den bez avtomobili

den bez avtomobiliОдбележувањето на Денот без автомобили ќе започне  во 10 часот и 30 минути со собирање на учесниците пред зградата на Општина Охрид, ќе  настапи  хорот од ОУ „ Христо Узунов“ , а потоа ќе се обратат градоначалникот Никола Бакрачески и амбасадорката на Германија Кристине Д. Алтхаузер. За таа цел, во соработка со СВР Охрид, за сообраќај ќе бидат  затворени  неколку фреквентни сообраќајници и тие се резервираат за велосипедисти и пешаци. Во перидот од 11 до 13 часот за сообраќај ќе бидат затворени  улиците „Димитар Влахов“, „Кузман Јосифовски“ од пресекот со „Димитар Влахов“ до пресекот со „Партизанска“ , улица „Партизанска“ од пресекот со „Кузман Јосифовски“ до пресекот со „Јане Сандански“ и дел од „Јане Сандански“ од пресекот со „Партизанска“ до пресекот со „Димитар Влахов“. Општина Охрид  ги повикува граѓаните масовно да се вклучат во оваа акција и барем еден ден во годината на работа да дојдат без автомобили, и да го направат вистинскиот потег за зачувување на чистиот воздух и чистата животна средина.