На ден 19.07.2023 год. (среда) ќе се спроведе теристичка (од земја ) дезинсекција против комарци на територија на Општина Охрид.
Запрашувањето ќе се врши во период од 19 часот во среда до 06 часот во четврток.
Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето на потег од с. Подмолје до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потег на река Грашница, Коселска Река.
„Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите. Исто така се молат и граѓаните во тој период да го намалат своето движење на посочениот опфат.“ – велат од Општина Охрид.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.