Младинската заедница при ОСУ „Св. Климент Охридски” по повод одбележувањето на 21. февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик организираат ораторска вечер.
Од Младинската заедница информираат дека говорот не треба да е подолг од 3 минути, а темата е: „Јазикот е наша единствена татковина“. Рокот за пријавување е до 20-ти февруари во педагошката служба, а најдобрите три добиваат награди.
-Денот на мајчиниот јазик нè потсетува на важноста од зачувување на јазичната разновидност и борбата против исчезнувањето на јазиците, велат од гимназијата.
Ораторската вечер ќе се одржи во четврток, 20-ти февруари во гимназискиот хол со почеток од 14:30 часот.