Skip to main content

35-та седница на Совет на Општина Охрид

Утре пред градските советници Нацрт буџетот на Општина Охрид за 2024-та

Утре градскиот совет на Општина Охрид се очекува да го усвои Нацрт буџетот за 2024та година. На 35тата седница на дневен ред и мини ребаланс на буџетот за 2023та со проширување и измена на распоредот на средства. 
 |  инфодеск  | 
седница

Утре Советот на Општина Охрид ќе ја одржи  триесет и петтата седница на која ќе бидат разгледани нацрт програмите за следната година и ќе се усвои Нацрт буџетот на Општина Охрид за 2024та.

Ќе се гласа за измени и дополнувања на програмата за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање на режим на сообраќај за 2023 година, за проширување и измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Охрид за 2023 година.

На дневен ред и Предлог-одлука за донесување Правилник за утврдување на критериуми за исплата на побарувања кон доверители на општина Охрид по основ на судски и извршни решенија.

Најголем дел од дневниот ред составен од  85 точки се извештаи за реализација на буџетските програми до 30.септември 2023 година. Советниците ќе ги разгледаат и  извештаите за работaтa на ЈП„Билјанини Извори“,  „Водовод“, „Градски гробишта“, Градски Пазар, „Нискоградба“ и „Охридски Комуналец“ за третото тромесечие од  годинава.

Во делот на јавните претпријатија на дневен ред има Предлог-одлука за давање согласност за измена и дополнување на Одлуката за утврдување на цените на услугите што ги врши ЈП „Градски гробишта“ , за давање согласност за изменување на Одлуката за утврдување на цени за вршење хортикултурни услуги на јавни зелени површини и јавна чистота на ЈП „Охридски Комуналец“ и Предлог-одлука за давање согласност за измена на годишниот план за вработување за 2023 година на ЈП Градски Пазар.                                                  

Советниците ќе одлучуваат и за оправданост за поставување на фотоволтаични централи во општина Охрид и за започнување на постапка за избор на консултантска куќа за изработка на комплетна документација за избор на најповолен модел за поставување на фотоволтаични централи на општинските објекти.

Седницата ќе се одржи во големата сала во зградата на општина Охрид со почеток во 09:00 часот. ТВМ ќе врши директен пренос од седницата на тв и на youtobe каналот.