Skip to main content

Црвен крст Охрид

Утре хуманитарен концерт на градскиот плоштад за реновирање на простор во ООУ „Дебрца“

Хуманитарен концерт утре на плоштадот „Св. Климент Охридски“
 |  инфодеск  | 

Утре, недела, со почеток од 14:00 часот, на плоштадот „Св. Климент Охридски“, ПХВ групата „FRIENDS“ организира хуманитарен концерт со цел собирање финансиски средства за реновација на простор во ООУ „Дебрца“, кој ќе биде пренаменет во подрачна канцеларија на Црвен крст Охрид.

Од Црвен крст Охрид најавуваат дека на концертот ќе настапи бендот на Клубот на млади при Црвен крст Охрид – „HUMANE-ХУМАН“, кој веќе 2 години активно делува во рамките на клубот.

Инаку, настанот е поддржан од Shilla – Coffee & Bar, кои ќе имаат свој штанд со продажба на свежо цеден сок од портокал.

– Дојдете, забавувајте се и бидете дел од уште една хуманитарна приказна!, порачуваат организаторите.