Утре хуманитарен настан за Петар во Центар за култура „Григор Прличев“
Утре во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид, со почеток во 19:00 часот , ќе се одржи хуманитарен настан за помош на Петар Попоски од Охрид. На нашиот млад сограѓанин потребна му е помош да се обезбедат финансиски средства за хируршка интервенција која не е можно да се изведе во државава.
„Петар е наш сограѓанин кој има 25 години и боледува од болест за којашто е потребна хируршка интервенција во Турција. Хируршката интервенција чини околу 50 000 евра , па се јави потреба од дополнителен хуманитарен настан за да се обезбедат потребните средства. “ – вели Ранко Раткушиноски од Црвен Крст Охрид.
Настанот е во организација на Црвен крст Охрид, со помош и поддршка од страна на актерот Никола Тодороски. Се состои од стендап шоу во кое покрај Тодороски ќе настапат и Никола Братучед Сиљаноски, Јован Цветкоски и Илија Богданоски, а во музичкиот дел ќе настапат групите Камелеон, Ансамбл Билјана и Urban Planet со Ана.
„Апелирам на голема поддршка од страна на хуманите охриѓани , кои и досега покажале дека се хумани и овој пат да дојдат, да бидат дел од овој настан и со една симболична цена на карта од 200 денари да му помогниме на Петар да се избори во животот со оваа болест. “– порачува Раткушиноски.
Билетите се пуштени во продажба и можат да се набават во Црвен крст Охрид, во периодот од 08:00 до 16:00 часот, во дел од охридските кафе барови кои ќе бидат обележани со постер за настанот, како и на влезот од НУ Центар за култура „Григор Прличев“ на денот на настанот.
Сите кои се во можност можат да донираат за помош на Петар на следните начини:
Број на трансакциска сметка 270-7000821760.21 Гордана Попоска
HALKBANK IBAN: MK07270700082176215
SWIFT: EXPCMK22
Или на телефонски броеви за донации:
А1 143 460
Телеком 143 128.