Skip to main content

71 година од раѓањето на тоде илиевски

Утре ќе се додели наградата за најдобра детска песна Тоде

Авторот на првонаградената песна ќе добие парична награда од 9 000 денари, за второнаградената песна се предвидени 6 000 денари и песната што ќе го освои третото место, ќе биде наградена со 3000 денари. Најдобрите песни ќе бидат објавени во шестиот број на електронското списание „(е)Лит”, што го објавува здружението „Креативна верига”.
 |  инфодеск  | 
Книжевна творба

Во вторник, 7-ми март со почеток во 13 часот, во просториите на НУ Библиотека „Григор Прличев” – Охрид, ќе се доделат наградите, по повод распишаниот конкурс за најдобра необјавена песна за деца „ТОДЕ”, во чест на поетот и писател за деца, Тоде Илиевски.

Конкурсот е организиран од Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и другите уметности „Креативна верига”, кое се труди преку ваквата востановена манифестација, достојно да му оддаде почит на Тоде Илиевски, кој остави трајни вредности, посебно во книжевноста за деца.

Од пристигнатите 96 песни, жири комисијата во состав: Горјан Петревски, Николина Андова Шопова и Живко Грозданоски, ги издвои песните што се најдоа во потесниот избор, а меѓу нив се и трите најдобри, за кои се предвидени парични награди. Авторот на првонаградената песна ќе добие парична награда од 9 000 денари, за второнаградената песна се предвидени 6 000 денари и песната што ќе го освои третото место, ќе биде наградена со 3000 денари. Најдобрите песни ќе бидат објавени во шестиот број на електронското списание „(е)Лит”, што го објавува здружението „Креативна верига”.

Настанот е со поддршка од Општина Охрид. Освен доделувањето на наградите, предвидена е богата програма, каде акцент ќе се стави на творештвото на Тоде Илиевски. На 7 март се полнат 71 година од раѓањето на Тоде Илиевски, поет и писател за деца и млади, хуморист, сатиричар, енигматичар, шаховски проблематист и воопшто, вљубеник во игрите.

Здружението „Креативна верига” изразува благодарност до сите автори, кои учествуваа во конкурсот, а посебна благодарност упатува до библиотеката „Григор Прличев” и Општина Охрид за комплетната поддршка за организирање на овој настан, што ќе прерасне во традиционална манифестација.