Skip to main content

општина охрид

Утре ќе се одржи свечена седница по повод 11. Октомври, Денот на народното востание

На 11. Октомври започна вооруженото востание против фашистичкиот окупатор, востание со кое отпочна сенародната борба за слободна Македонија.
 |  инфодеск  | 

Утре, Општина Охрид и Општинската организација на Сојузот на борци од Охрид и Дебрца со повеќе свечености ќе го одбележат 11. Октомври, Денот на народното востание на македонскиот народ.

Свечената седница е предвидено да се одржи во големата сала на Општина Охрид, со почеток во 11 часот. Ќе се обратат претставници од Општина Охрид и Сојузот на борците, по што ќе следува културно-уметничка програма.

Во сабота, 11 октомври, во 10 часот ќе биде положено свежо цвеќе пред спомен-обележјата од НОБ во Градскиот парк, пред Основен суд-Охрид, во училишниот двор на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ и на Градските гробишта.