Skip to main content

Утре ќе се прска против комарци

Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежје на потег од с. Подмолје до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потег на река Грашница, Коселска Река.
 |  инфодеск  | 
Дезинсекција

Утре ќе се спроведе теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 19 часот во понеделник до 06 часот во вторник.

Со дезинсекцијата ќе биде  опфатено Охридското крајбрежјето на потег од с. Подмолје до  комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потег на река Грашница, Коселска Река.

Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на  пчелите.

Исто така се молат и граѓаните во тој период да го намалат своето движење на посочениот опфат.

Во случај на појава на неповолни временски услови  (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.