Skip to main content

Утре ќе се спроведе теристичка дезинсекција против комарци, пчеларите да преземат соодветни мерки

Со дезинсекцијата ќе биде  опфатено Охридското крајбрежјето на потег од с. Подмолје до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потег на река Грашница, Коселска Река.
 |  инфодеск  | 
Дезинсекција

Согласно Законот за заштита  на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009,  149/2014, 150/2015 и 37/2016 ), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општината   како општа противепидемиска мерка, локалната самоуправа известува дека ќе  се спроведе теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 19 часот во вторник  до 06 часот во среда.

Со дезинсекцијата ќе биде  опфатено Охридското крајбрежјето на потег од с. Подмолје до  комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потег на река Грашница, Коселска Река, се вели во соопштението од општина Охрид.