Утре ќе се знае официјалниот став на Зоран Ногачески за кандидатурата
Информацијата за независна кандидатура на Зоран Ногачески, која денес беше објавена од страна на некои медиуми, официјално не е потврдена. ТВМ Телевизија во текот на утрешниот ден ќе го пренесе официјалниот став на градоначалникот на Општина Дебрца, Ногачески.
| | Охрид
Информацијата за независна кандидатура на досегашниот градоначалник на Општина Дебрца, Зоран Ногачески, која денес беше објавена од страна на некои медиуми, официјално не е потврдена. Градоначалникот на Општина Дебрца, за ТВМ вели дека има такви размислувања, но сеуште не е ништо дефинирано.
Подетално ќе се знае во текот на утрешниот ден, а ТВМ Телевизија ќе го пренесе официјалниот став.