Skip to main content

СОСУ „Св. Кирил и Методиј”

Охридските гимназијалци и Црвен крст утре организираат крводарителска акција

Акцијата ќе се спроведе од 9 до 12 часот во просториите на Служба за трансфузија – Охрид.
 |  инфодеск  | 

Утре Црвен крст Охрид во соработка со СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид организираат крводарителска акција.  Акцијата ќе се спроведе од 9 до 12 часот во просториите на Служба за трансфузија – Охрид.

-Ги повикуваме сите ученици во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид да ја покажат својата хуманост – да ја даруваат својата скапоцена течност!, велат организаторите.