Skip to main content

Дебрца

Утре ќе се врши ларвицидна дезинсекција во Општина Дебрца

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Дебрца за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општината, утре, 15-ти мај, ќе се врши ларвицидна дезинсекција со цел уништување на возрасни комарци и ларви од комарци.
 |  инфодеск  | 
Дезинсекција

Запрашувањето ќе биде теристичко (од земја) и ќе се врши во период од 20:00 до 06:00 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општината Дебрца, подрачјето на река Сатеска, локалитетите со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.

Потребно е пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на на пчелите.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.