Утре мирен собир на средношколците на плоштадот во Охрид

Утре, вторник, од периодот од 9.00ч до 12.00ч ќе има мирен собир на средношколци во Охрид на плоштадот, во организација на средношколците.
-Ќе се палат свеќи и ќе се положи цвеќе како почит за настраданите во Кочани, се вели во нивното соопштение.
Посочуваат и дека маршот не треба да ескалира во протест.
Од ОСУ „Св. Климент Охридски“ тргнувајќи по ул. „Димитар Влахов“, сретнувајќи се со СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ низ чаршијата се упатуваат кон градскиот плоштад каде што ќе се оддаде почит на жртвите во несреќата во Кочани.
Организаторите велат дека од ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски“ во 9:05 часот учениците ќе се упатат кон улицата „7-ми Ноември“ и ќе се вклучат на плоштад. Од РЦСОО „Ванчо Питошески“ ќе се упатат кон Кеј Македонија и од таму кон градскиот плоштад.




