МВР за граѓаните – заедница, доверба, одговорност
Утре на градскиот плоштад заедничка кампања на МВР и МПС
Целта е доближување до граѓаните за суштината, вредностите и карактеристиките на концептот – полициско работење со заедницата, важноста од градењето партнерство помеѓу полицијата и граѓаните.
Утре, 25 март (сабота) 2023 година, во 12 часот на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски”, претставници од СВР Охрид ќе присуствуваат на промовирање на заедничката кампања на МВР и МПС, „МВР за граѓаните – заедница, доверба, одговорност”.
Целта е доближување до граѓаните за суштината, вредностите и карактеристиките на концептот – полициско работење со заедницата, важноста од градењето партнерство помеѓу полицијата и граѓаните, но и механизмите за контрола врз полицијата што придонесуваат за зголемување на нејзиниот кредибилитет и интегритет.