Утре (петок) неколку часа без вода ќе бидат жителите на улицата „Гоце Делчев“.
Поради неколку интервенции на водоводната мрежа на улицата „Гоце Делчев“, на ден 01.07.2022 година (петок) од 09:30 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Гоце Делчев“, на потегот од „Дрвара“ до автокамп „Андон Дуков“, вклучувајќи ги и сите споредни улици од населбите Воска и Далјан – информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.