Skip to main content

Утре акција за собирање текстилен отпад

Од „Охридски Комуналец“ ги информираат граѓаните кои имаат потреба од облека дека можат да ги контактираат преку зелениот телефон 076 355 327.
 |  инфодеск  | 

ЈП Охридски Комуналец овој петок ќе реализира акција за собирање на текстилен отпад. Граѓаните старата облека ќе имаат можност уредно да ја одложат во контејнерите на Тексомак коишто се поставени неколку локации (до влезот од Охридски Комуналец-Механизација, дворовите на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“, ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, ОУ „Григор Прличев“, ОУ „Ванчо Николески“ – Лескоец, ОУ „Св. Наум Охридски“- Пештани.)

Од „Охридски Комуналец“ упатуваат апел до граѓаните текстилниот отпад да го одложуваат исклучиво на предвидените места. Одлагањето на текстилен отпад во дворовите на основните и средните училишта ќе биде овозможено во рамки на нивното работно време.

Истовремено, ги информираат граѓаните кои имаат потреба од облека дека можат да ги контактираат преку зелениот телефон 076 355 327.

Од „Охридски Комуналец“ нагласуваат дека во акцијата не се собираат стари обувки, чанти и други нетекстилни предмети.