Утре (30.6 2023г. ) во кафе бар „Кадмо“ во период од 14:00 до 16:00 ќе се одржи
дебата „Европеизација на Македонија- дали сме на добар пат“.
Обраќања ќе имаат градоначалникот Кирил Пецаков и Претседателот на
Паневропската Унија на Македонија, амбасадорот Андреј Лепавцов.
Учесници ќе се амбасадорот и поранешен министер, Марјан Ѓорчев, Ректорот на Американ Колеџ, Марјан Бојаџиев, професорот од Економски факултет, Љубомир Кекеновски , Виктор Мизо од „КОСТАЛ“ и Претседателот на Ротари Клуб – Охрид, Олег Маленко.