Skip to main content

Црвен крст Охрид

Утре во ООУ „Св.Климент Охридски“ ќе се одржи показна вежба за евакуација и спасување

Показната вежба за евакуација и спасување ќе се одржи според соодветно сценарио за случена несреќа, во која соодветно ќе делуваат и тимови од надлежните институции.
 |  инфодеск  | 

Црвен крст Охрид во координација и со поддршка на СВР Охрид, ТППЕ Охрид, ДЗС, ЦУК, а со цел подигање на нивото на подготвеност и координираност за соодветно, навремено и ефикасно делување во случај на несреќи продолжува со увежбување за примена на Оперативните планови за заштита и спасување и плановите за евакуација во образовните установи.

-Времето во кое живееме, меѓу другото, налага голема сериозност и посветеност на активности за подигање на свесноста и подготвеноста за делување во случај на несреќи, елементарни непогоди и кататастрофи, како на институциите, така и на секој поединец во општеството, потенцираат од Црвен крст Охрид.

Од таму додаваат дека во таа насока, утре, вторник, 5ти мај во 10 часот во ООУ „Св.Климент Охридски“ во Охрид ќе се реализира показна вежба за евакуација и спасување според соодветно сценарио за случена несреќа, во која соодветно ќе делуваат и тимови од надлежните институции.