Армискиот воздухопловен ВИНГ под команда за операции и Планинската Спасителна Служба ги покануваат граѓаните утре (Среда 05.07.2023г.) во периодот од 10:00 до 14:00ч, во кругот на Центарот за обука на вода во каналот Студенчишта (Веднаш до Мостот на каналот), на заедничко дружење и презентација на дел од воздухопловите, армиската опрема и опремата за спасување на планина и тешко пристапни терени.
Отворениот ден се организира со цел промоција на хуманата мисија на армијата и успешната цивилно-воена соработка, која армискиот ВИНГ и Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид успешно ја развиваат во изминатите две години, во интерес на ефикасноста и квалитетот на спасителните операции на планина и тешко пристапни терени.