Skip to main content

Утре показна вежба за евакуација во ОУ „Кочо Рацин“, „Новопроектирана“ привремено затворена за сообраќај

Утре показна вежба за евакуација во ОУ „Кочо Рацин“, „Новопроектирана“ привремено затворена за сообраќај
 |  инфодеск  | 

Утре во 10 часот во општинското основно училиште „Кочо Рацин“, ќе биде одржана показна вежба за евакуација по сценарио за случен земјотрес и давање сигнал за општа опасност.

Вежбата ќе се реализира по претходно утврдено и разработено сценарио за дејствување и евакуација по случен земјотрес, изработено од отсекот за превенција при СВР Охрид и Црвениот крст Охрид а со кое, со кое се запознаени учениците, наставниците, Регионалниот центар за управување со кризи, претставниците од Општинскиот инспекторат за образование и останатите учесници, Територијалната противпожарна единица Охрид, Итната медицинска помош и другите институции.

Вежбата, како што посочуваат од СВР Охрид, има превентивен карактер, а целта е подигнување на степенот на безбедносни мерки и подготвеност кај учениците и наставниците за поефикасна заштита при земјотреси и други елементарни непогоди.

Инаку, показната вежба се спроведува согласно планот за заштита и евакуација при несреќи и планот за работа на училиштата во вонредни околности, организирање мобилизациски собиралишта и сл. За време на одржувањето на симулациската вежба, полициски службеници од СВР Охрид, привремено за сообраќај ќе ја затворат улицата „Новопроектирана“ која поминува низ охридската касарна.