Skip to main content

СВР Охрид

Утре посебен сообраќаен режим и безбедносни мерки во Охрид

Засилено сообраќајно обезбедување, контрола и регулирање на сообраќајот ќе има пред сѐ по булеварот „Туристичка”, но и по другите патишта и сообраќајници каде не е дозволено запирање или паркирање на моторни возила. Сообраќајното обезбедување ги опфаќа и останатите магистрални, регионални и локални патишта.
 |  инфодеск  | 
Полиција

Во врска со одржувањето на јубилејна, 50-та по ред, Европска регионална конференција на Интерпол – најголемата светска полициска организација, во која членуваат 195 земји од светот, што од 08 до 11 овој месец, ќе се одржи во Охрид, СВР Охрид, презема соодветни безбедносни мерки.

Активностите се насочени кон физичко и сообраќајно обезбедување на одредени објекти, локации и сообраќајници, каде е предвиден престој и движење на најавените делагации.

Утре (07.05.2023) од 06 часот, на сила ќе биде забраната за паркирање на моторни и други возила на булевар „Македонски Просветители”, паркинг „Ваикики”, кружен тек на плоштад „Св.Климент Охридски”, кеј „Македонија” до пресекот со улицата „Ванчо Николески”, улицата „Партизанска” од пресекот со булеварот „Македонски просветител” до пресекот со улицата „ Кузман Јосифовски”. Исто така , забрана за паркирање има на паркингот кај „Горна Порта”, улица „Илинденска”, паркинг кај „Долни Сарај”, паркинг кај „Св.Софија” и улицата „Коста Абраш”. Воедно, сообраќајното обезбедување ги опфаќа и останатите магистрални, регионални и локални патишта, како и заштитниот појас на патиштата заедно со улиците во населените места и паркиралиштата.

Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, утре ќе презема засилено сообраќајно обезбедување, контрола и регулирање на сообраќајот, пред сѐ по булеварот „Туристичка”, но и по другите патишта и сообраќајници каде не е дозволено запирање или паркирање на моторни возила. Мерките ќе значат непречено пропуштање на возилата со приоритет наменети за обезбедуваните личности при што, нема значително стопирање на нормалното одвивање на сообраќајот бидејќи, предвидено е последователно и непречено пропуштање на останатите возила во сообраќајот.

Со цел непречено одвивање на мерките, деновиве СВР Охрид оствари координативни средби со службите од локалната самоуправа како и со сите правни субјекти одговорни за одржување на патиштата и улиците во градот, со Фондот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид, со Јавните претпријатија како и со други релевантни субјекти.

Со оглед на исклучително значајниот настан кој ќе се одвива во Охрид, СВР Охрид апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците и другите локации.