Јп водовод
Утре прекин во водоснабдување во високата зона на стариот дел на градот
Утре од 08:00 до 16:00 часот, ќе има прекин во водоснабдувањето на сите улици од високата зона на стариот дел на градот.
Поради приклучување на новиот цевковод на улицата „Браќа Миладиновци“ во водоводната мрежа, на ден 11.04.2023 (вторник) од 08:00 до 16:00 часот, ќе има прекин во водоснабдувањето на сите улици од високата зона на стариот дел на градот, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.


