Прекинатата 15-та седница на Советот на Општина Охрид продолжува утре, информираат од Локалната Самоуправа.
Седницата ќе се одржи во Големата сала на Општина Охрид, со почеток во 9 часот.
На дневен ред на седницата беа 104 точки. Откако советниците со мнозинство гласови усвоија вкупно 94 точки од предложениот дневен ред, претседателот на советот, Сашо Донев ја прекина седницата, со најава дека нејзиното продолжение ќе биде закажано во текот на наредните денови.