Skip to main content

Ну библиотека григор прличев

Утре промоција на книгата од Митко Колјушевски

Утре во 12 часот во Градската библиотека ќе биде промовирана книгата „Стихописани слики“ од Митко Ц. Колјушевски.
 |  инфодеск  | 
Читална библиотека

Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид утре во 12 часот ќе биде промовирана книгата „Стихописани слики“ од роднокрајниот автор Митко Ц. Колјушевски.

Митко Ц. Колјушевски е роден 1949 год. во Охрид. По професија – Водител на процеси во М.М. Насока (во пензија). По вокација музичар (пеење, гитара, тапани и др. Ударни инструменти). Автор е на песните ,,Стариот Фенер”, ,,Охридски стари трубадури”, ,,Месецот ти плете коприна“…

Се потпишува на аранжманот на повеќе македонски народни песни. Колјушевски е еден од основоположниците и долгогодишен член на ансамблот за староградска музика „Самуил“ и групата „Цар Самуил“.

Има издадено две збирки со текстови од македонски народни и обнародени песни: – ПЕСНА ТИ ПЕАМ МАКЕДОНКО – МАКЕДОНСКО ДЕВОЈЧЕ-РОСНО КОКИЧЕ. Застапен е во повеќе алманаси и поетски збирки, а „Стихописани слики“ му е прва самостојна збирка песни.

Промотор ќе биде рецензентот на стихозбирката  писателот Мирко Томовски. Тој во својот рецензентски текст ќе напише: „Четириесет и петте творби, преку мноштвото директни насочувања, создаваат поетско дело како суверен сведок за идентитетот, традицијата, културата и уметноста, сите собрани во љубовта и тоа не само во еден културен контекст како нашиот, туку и како светско колективно добро, при тоа овозможувајќи да се комуницира со едно уметничко видување како документ на реалноста, сѐ со цел да ги активира најпасивните механизми за восприемање на носталгичноста и љубовта.“

Промоцијата ќе ја води и стихови ќе чита поетесата Маја Мојсова.