Утре се одбележува Светскиот ден на литературата за деца
По тој повод и оваа среда, како и претходната рубрика нови книги во Библиотеката ја отстапуваме на дела создадени за деца. На листата за денес се дури 11 интересни наслови од домашната и светската продукција на литература за деца .
По тој повод и оваа среда, како и претходната рубрика нови книги во Библиотеката ја отстапуваме на дела создадени за деца. На листата за денес се дури 11 интересни наслови од домашната и светската продукција на литература за деца .
Од денеска најмладите наши читатели можат да ги зајмат книгите: Ѕвезда мрак и суштествата од Страшкоград од Билјана С. Црвенкоска, Песни за деца од Миле Ситниковски и Азбукварка од Ванчо Полазаревски, трите во издание на Чудна шума, Дарко во ЗОО Паркот од познатиот автор за деца Киро Донев во издание на Македоника литера. Издавачот Едука мак неодамна за најмладите ги отпечати книгите: Волшебното моливче од Марија Петровска и Земам стари работи од Ак Севим.
Во нашата понуда за читање има место и за две книги од бестселер серијата на Њујорк Тајмс , Што и да е потоа преведена и кај нас во издание на Арс футура, Замрсената коса и Чевличиња по мерка од Сара Млиновски. Не помалку интересни се останатите три наслови кои се надеваме ќе го најдат патот до читателите: Чудесни апарати од Гвидо Тартаља – издавач Темплум , Бел од Ника Гавровска во издание на Гаврош и Празнина од Ана Лјекас, издавач Сказнувалка.
Потсетуваме годишната членарина во библиотеката за деца е 200 а за возрасни 300 денари. НУ Библиотека „Григор Прличев “ работи од понеделник до петок од 8 и 30 до 18 и 30 часот, со половина час пауза за дезинфекција од 13 часот.