Skip to main content

Касарна хаб

Утре се отвора Младинскиот центар во Охрид

Во среда на 12-ти октомври со почеток во 13 часот, официјално ќе биде отворен Младинскиот центар Охрид во Касарна Хаб.
 |  инфодеск  | 
Касарна хаб

Во Охрид утре ќе биде официјално отворен Младинскиот Центар, согласно Законот за младинско учество и младински политики.

Младинскиот Центар е место каде ќе се подготвуваат и спроведуваат програми кои ќе ја подобруваат благосостојбата на младите, развојот на личниот, социјалниот и професионалниот живот на младите, информации од важен интерес за младите и други аспекти од животот на младите.

На настанот свое обраќање ќе имаат Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков; Извршниот Директор на „СЕГА“, Зоран Илиески и Раководителот на Младинскиот центар, Јован Цветкоски. 

Коалиција на младински организации „СЕГА“ е избрана младинска чадор организација која ќе раководи со Младинскиот Центар Охрид во период од 3 години со поддршка на Општина Охрид.