Утре стартува најголемиот спортски настан во Охрид и Струга
Од утре 13 до 23 август Месецот на кошарката во Охрид продолжува со најголемиот спортски настан за оваа година во Охрид, Европското првенство дивизија Б за кошаркарки до 16 години.
Од утре 13 до 23 август Месецот на кошарката во Охрид продолжува со најголемиот спортски настан за оваа година во Охрид, Европското првенство дивизија Б за кошаркарки до 16 години.
На првенството ќе учествуваат 20 селекции кои ќе бидат поделени во четири групи од кои две групи А и Б ќе се играат во Спортската Арена Билјанини Извори додека групите Ц и Д ќе се играат во Струга во Спортската сала Тими.
Во првата фаза, која трае во период од 13-ти до 17-ти Август, репрезентациите ќе ја одиграат првата рунда на шампионатот, натпреварите по групи.
Во оваа фаза ќе се играат дневно по четири натпревари и во Охрид и во Струга, со термини од 14:15 часот, 16:30, 18:45 и 21:00 часот.
По крајот на првата фаза ќе бидат формирани нови пет групи. Во групите Е и Ф ќе играат двете најдобри селекции од секоја од четирите групи од првата фаза, групите Г и Х ќе бидат составени од трето и четвртопласираите селекции од првата рунда ,а во групата И ќе играат последно пласираните репрезентации од првата рунда. Трите најдобри селекции на ЕП во Охрид и Струга обезбедуваат пласман во елитната А дивизија.