Аеродром Св. Апостол Павле Охрид
Утре стартува сезонска авиолинија Белград – Охрид со Ер Србија
Во 2022 година бројот на српски туристи во Охрид бележеше зголемување за 40 отсто, а очекувањата годинава се да има двојно повеќе, бидејќи „Ер Србија“ ќе лета четири пати неделно по атрактивни цени.
Утре на Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, ќе се одбележи обновувањето на сезонска авиолинија од Белград со Ер Србија (Air Serbia).
Првиот авион на Ер Србија од Белград за оваа сезона ќе биде пречекан со церемонија за добредојде со воден мост.
На настанот ќе говорат Генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт; Директорот за комерцијални работи и стратегии на Ер Србија, Бошко Рупиќ и Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.
Во 2022 година бројот на српски туристи во Охрид бележеше зголемување за 40 отсто, а очекувањата годинава се да има двојно повеќе, бидејќи „Ер Србија“ ќе лета четири пати неделно по атрактивни цени.