Skip to main content

Утре стартува традиционалниот Охридски атлетски маратон

 Утре стартува традиционалниот Охридски  атлетски маратон.

 |  Валентина Неловска  | 
atletika

Се е подготвено за одржување на утрешниот охридски Атлетски маратон. Охрид по 29 -ти пат ќе биде домаќин на маратонци кои ќе ја трчаат  патеката  од Св. Наум до Охрид. Пеце Неданов претседател на организациониот одбор информира дека се пријавени околу  80 -тина марaтонци од повеќе Балкански земји, Холандија и двајца атлетичари од Кенија. Локалната  самоуправа, Агенцијата за млади и спорт  и охридските спонзори обезбедиле награден фонд за најдобрите уечници во машка и женска категорија, но за жал нема  одзив од поголемите фирми напоменува Неданов.   


atletika„ Досега не се појавил некој поголем спонзор иако сме обидувале д анједме генерелане спонзород поголем фирма за да се пдобри оргазнаицијара на мартаотно, ни немало повартни рекации напоменува“, Неданов.
Еден од фаворитите на утрешниот маратон, досегашен двократен  победник  и 7 пати учесник на Охридскиот атлетски маратон е Бранко Стевиќ од АК Косово Поле. Овој маратонец од Гнилање, Косово  сега настапува за Јагодина, Србија. Стевиќ  учествувал на многу европски, светски маратонски натпревари како што се Њујоршкиот, Циришкиот, Истамбулскиот, Ротердамскиот. Вели дека Охридскиот атлетски маратон не е ни малку лесен да се истрча.


„ Една од најтешките која сум ја трчал во кариерата. Таа е 30 км но како да трчате 42 км. Тешка е патеката бара добра подготвеност има многу нагорнини и надолнини. Тука мора  да дојдеш подготвен  и не може секој  да ја трча и да постави резултат“, кажува  Стевиќ.

amЖивко Стојчески од Охрид е поранешен петкратен победник на Охридскиот атлетски маратон со поставен личен  рекорд на патеката од 1 час и 44 мин. Стојчески денес живее во Австралија и  е главен спонзор на маратонот и почесен  член на организациониот одбор. Горд е што Охридскиот атлетски маратон трае 29 години ама посакува што повеќе охриѓани пред  платото кај Киното за дочек на атлетичарите. Како што вели некогаш  имало повеќе публика која  им  давала  мотивација на мартонците  за повтороно учество.  


„ За жал во последниве години доаѓам редовно на маратонот. Но,  на целта нема публика и заинтересираност што е  жално.  Во врска со тоа ќе мора нешто да преземеме, размислчуваме како организационен одбор  да го смениме стартот на маратонот да бид во попладневните часови“, напоменува Стојчески.

Утрешниот старт на  Охридскиот атлетски маратон е во 9 часот од Св Наум, а најдобрите атлетичари се очекуваат  да пристигнат после 10:30 мин. Стартот ќе го означи претседателот на Европската атлетска асоцијација, а ќе биде присутен и претседателот на Балканската атлеска федерација. Паричниот награден фонд за најдобриот машки атлетичар изнесува  800 евра, а за најдобрата женска атлетичарка е 500 евра.  50 евра ќе се доделат  на најуспешните  охридски маратонец и  маратонка. Награди ќе има за рушење на рекорд и за најстар и најмлад учесник на маратонот.