Утре Света архиерејска заупокоена литургија на Плаошник за 40 дневниот помен на блаженоупокоениот Митрополит Тимотеј
Од Дебарско-кичевската епархија информираат дека утре во манастирот Свети Климент и Пантелејмон – Плаошник со почеток во 08:45 часот по повод 40 дневниот помен на блаженоупокоениот Митрополит Тимотеј, ќе се служи Света архиерејска заупокоена литургија.
– На Литургијата молитвено ќе присуствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, со членовите на Светиот Архиерејски Синод, а ќе чиноначалствува Епископот Стобиски г. Јаков. По Литургијата ќе се отслужи парастос на гробот, информираат од Дебарско-кичевска епархија од Охрид.
Митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј почина на 25 ноември 2024 година по кусо боледување, на 73 годишна возраст. До неговото вечно почивалиште во јужната апсида на храмот „Свети Пантелејмон“ на Плаошник беше испратен на 28 ноември.