Skip to main content

општина дебрца

Утре теристичка ларвицидна дезинсекција на подрачјето на Општина Дебрца

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјето на река Сатеска, локалитетите со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.
 |  инфодеск  | 
дезинсекција

Општина Дебрца утре, 04.06.2025 год. (среда), ќе спроведе теристичка (од земја ) Ларвицидна дезинсекција со цел уништување на возрасни комарци и ларви од комарци.

Запрашувањето ќе се врши во период од 19.00 до 06.00 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјето на река Сатеска, локалитетите со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.

Од Општина Дебрца ги замолуваат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите. Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

За сите информации и прашања граѓаните можат да се обратат на отворениот телефон за контакт во Општина Дебрца 046/286-855.