Skip to main content

Црвен Крст Охрид

Трибина за булингот во училиштата и начините за негова превенција и стопирање

Од Црвен Крст Охрид ги покануваат заинтересираните ученици, наставници, родители и други граѓани да ја посетат трибината во ООУ „Григор Прличев“ со почеток во 13:00 часот.
 |  инфодеск  | 
Трибина булинг

Секоја година од 21 до 27 септември се одбележува неделата на ПХВ (Промоција на хумани вредности) со цел промоција на мир, толеранција, соживот и ненесилство.

Оваа година се организира трибина на којашто ќе се зборува за булингот, за насилството во училиштата, видиливото и скриеното, и ќе се стави акцент на постоењето на тоа насилство и на начините на коишто може да се превенира и стопира.

Црвен крст Охрид ќе ја одржи оваа трибина денеска во ООУ „Григор Прличев“ со почеток во 13:00 часот.

Од Црвен Крст Охрид ги покануваат заинтересираните ученици, наставници, родители и други граѓани да ја посетат трибината.