Skip to main content

Н.У Библиотека Григор Прличев

Утре во охридската библиотека предавање на тема: ,,Изгореници и дијабетес мелитус“

Предавањето ќе почне во 17.00 часот, во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид.
 |  инфодеск  | 

Утре, Здружението на лица со дијабет, заедно со д-р Арсо Митрески спец. хирург, пензионер – дијабетичар, ќе го одржат второто предавање на тема: ,,Изгореници и дијабетес мелитус“.

Предавањето ќе почне во 17.00 часот, во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид.

Поканата е отворена за членовите на Здружението, но за сите лица со дијабет и граѓани од Охри, велат од Библиотеката.

Инаку, Здружението на лица со дијабет „Охрид“, во месец март потпиша меморандум за соработка со библиотеката.