Утре, 20.12.2022 (вторник) со почеток во 18:00 часот во изложбениот салон на Центарот за култура „Григор Прличев“, започнува изложбата „Пикасо можеби јас“ од македонскиот уметник Филип Фидановски.
Изложбата се организира како резултат на културната соработка меѓу Општина Охрид и Амбасадата на Шпанија во Република Македонија.
Истата вечер со почеток во 19:00 часот во големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе започне „Недела на шпански филм“ која ќе трае до 22.12.2022 година.