Чествувањата започнуваат утре со полагање цвеќе пред спомен бистата на Узунов во училиштниот двор.

Во среда, 23-ти април, ќе биде одржана Свечената академија во спомен – куќата на Христо Узунов со почеток во 12:00 часот. Во рамки на настанот ќе биде промовиран драмскиот текст „Света саможртва за Македонија“ од Зоран Пејкоски, а предвидена е и културно – уметничката прогама со настап на градскиот хор „Вокс Лихнидос“ и драмска изведба на сцени од текстот „Света саможртва за Македонија“ и настап на солистот Ѓоко Чеменкоски.
ООУ „Христо Узунов“ својот патронат ќе го одржи среда во 19:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“.
Во четврток, 24-ти април, предвидено е полагање цвеќе пред спомен бистата на Христо Узунов во градскиот парк во 10 часот, додека од 11:00 часот во селото Цер, Кичево, ќе се одржи панихида.