Поради неодложни активности кои се однесуваат на фекалната канализација, утре – 27. 09 2025г. дел од улицата „Димитар Влахов“ од пред зградата на Општина Охрид до пресекот со улица „Македонски Просветители“ ќе биде затворена за сообраќај.
-Се замолуваат охриѓани да ги почитуваат времените сообраќајни правила и мерки. Градежните активности ќе ги реализираат надлежните служби на ЈП „Нискоградба“, велат од Општина Охрид.