општина охрид
Утре затворена за сообраќај дел од улицата „Димитар Влахов“
Утре активности на на фекалната канализација на улицата „Димитар Влахов“.

Поради неодложни активности кои се однесуваат на фекалната канализација, утре – 27. 09 2025г. дел од улицата „Димитар Влахов“ од пред зградата на Општина Охрид до пресекот со улица „Македонски Просветители“ ќе биде затворена за сообраќај.
-Се замолуваат охриѓани да ги почитуваат времените сообраќајни правила и мерки. Градежните активности ќе ги реализираат надлежните служби на ЈП „Нискоградба“, велат од Општина Охрид.







