Општина Охрид
Утре затворена за сообраќај улицата „Марко Цепенков“
На улицата ќе се вршат градежни зафати за асфалтирање.
Од Општина Охрид ги известуваат сите учесници во сообраќајот дека на ден 17.06.2023 година (Сабота) ќе се врши асфалтирање на улицата „Марко Цепенков“.
Улицата ќе биде затворена за сообраќај на потегот од кружна крстосница со ул. „Момчило Јорданоски“, до кружна крстосница со ул. „Питу Гули“.


