Се известуваат граѓаните на општина Охрид дека утре, 21-ви октомври (петок) во периодот од 8 до 13 часот поради изведување на активности ќе биде затворена за сообраќај ул. „Кленоец” (во близина на касарната).
Екипите на ЈП „Охридски комуналец“ по налог на општина Охрид и Комисијата за превземање мерки и активности за отстранување дрва ќе отстрануваат две јасики од оваа локација. Се молат граѓаните во горенадениот термин да ги користат околните улици.