Најстудено во берово и на попова шапка

Утринава најтопло во Охрид

Утринава најтопло во Охрид каде што се измерени 7 степени, а најстудено во Берово и на Попова Шапка со -1 степен.
 |  инфодеск  | 
Охрид

Утринава најстудено беше во Берово и на Попова Шапка каде се измерени -1 степен додека пак најтопло беше во Охрид со измерени 7 степени.

Според УХМР, на Попова Шапка се измерени и најмногу врнежи, во изминатите 24 часа вкупно 7 литри на метар квадратен, додека пак 3 во Дебар и Лазарополе, а 1 во Охрид, Маврови Анови, Крушево.

До 8:30 часот утрово температурата е 0 степени во Битола и Струмица, 1 степен во Лазарополе, 2 во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Гевгелија, Демир Капија, Маврови Анови, Крушево, нешто потопло или 3 степени во Тетово, Прилеп, Штип, 4 степени Скопје-Зајчев Рид, Претор, 6 степени во Дебар, Виница, Дојран, и 7 степени во Охрид.

Во текот на ноќта преовладуваше променливо облачно време, на места со намалена облачност. Утрово е умерено до значително облачно.

Денеска ќе биде променливо облачно, претежно во западните делови со слаб локален дожд. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© 2008 - Сите права задржани. Поддржано од ТВМ ТелевизијА.
Back to Top