Утрото студено со појава на магла по одделни котлини. Преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремен локален дожд, велат од УХМР.
Од утре до сабота под влијание на серија од влажни воздушни бранови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува засилен до силен ветер (над 70 km/h). Поради продор на постудена воздушна маса од север во петок во текот на ноќта и во сабота врнежите од дожд ќе преминуваат во снег на планините и на повисоките места.
Во Охрид температурите ќе се движат од 2 до 12 степени Целзиусови.