Skip to main content

Увозот на работници од странство не го реши проблемот со дефицит на кадар

Останува најголемиот дефицит на кадар во угостителскиот сектор. Увозот на работници од странство се покажа како неуспешен. Дојдоа и заминаа за Европа. Потребна е стратегија и финансиска поддршка за задржување на младите во туризмот.
 |  инфодеск  | 

Нема решение за недостигот на кадар во угостителството. Увозот на работници  се покажа како неуспешен. Дел од странците од Непал, Индија и Пакистан,  ја напуштија земјава, заминаа за европските земји.   Мора да се  изнајде начин како да се  задржат  младите во овој сектор.

Потребна е стратегија и финансиска поддршка.  

„ Да не продуцираме кадар за некој друг да гледа фајде, тука да останат тука да ја градат својата иднина но за тоа треба и трет а тоа се работодавачите. Да создадеме атмосфера тие идни генерации да се чувствуваат лагодно во својата кожа”, вели професорот Климент Наумов раководител на катедрата за гастрономија на ФТУ Охрид.

Нема успешна туристичка приказна ако има недостиг на стручен кадар. Балканската кулинарска легенда Стево Карапанџа вели недостигот на персонал може да доведе до затворање на угостителски објекти.

„Најчесто се случува голем број ресторани да стават клуч на врата  поради недостиг на кадар. Тоа сум го слушнал и сум го видел кај нас во Хрватска, каде доаѓаат голем број вработени од Македонија , но поради  недостиг на кадар  се случува ресторани да се затвораат“, вели Стево Карапанџа мастер шеф.

Денес угостителските струки се ценети во светот,  мастер шефовите ги повикаа македонските студенти да градат кариера во својата земја.

„ Мојата порака е останете во својата земја, сакајте ја вашата татковина. Македонија  ве образува,  ја чините оваа земја скапо,  останете тука како ние во нашите земји.“ порача Драгица Лукин мастер шеф Хрватска.

Студентите на Факултетот за туризам имаа можност да учат од светски гастрономски великани, но и да се мотивираат својата иднина да ја градат во македонското угостителство.

Новинар Соња Рилковска