Skip to main content

Свр охрид

Узурпација на недвижности, казнети 3 возачи во Охрид

Во Охрид казнети 3 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол. Кривична пријава за двајца охриѓани поради узурпација на недвижности. Погледнете го најновиот СВР билтен.
 |  инфодеск  | 
Полиција

На 29.10.2022 година во 19:50 часот, полициски службеници од СВР Охрид, на улицата „Стив Наумов” затекнаа растовар на дабово огревно дрво од товарно возило „Фолксваген Транспортер” со охридски регистарски ознаки, сопственост на Н.Т.(34) од селото Мешеишта, општина Дебрца. Од извршената контрола, констатирано е дека се работи за околу 7 метри просторни нежигосано дабово огревно дрво што, илегално се транспортирани и доставени до С.А.(44) од Охрид. Дрвната маса и товарното возило се одземени и предадени на претставник на Шумската полиција за понатамошна постапка по што, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 29/30.10.2022 година од 22 до 04 часот, на подрачјето на СВР Охрид, преземени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнаа 10 возачи кои, управувале моторно возило под дејство на алкохол (Охрид-03, Струга-01, Кичево-06). Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.Џ.(42) и Б.Ц.(40), двајцата од Охрид како и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено
дело „узурпација на недвижности”. Пријавените лица, како сопственици на правниот субјект, во периодот од 16.07.2022 до 31.08.2022 година, закупиле објект лоциран на крајбрежјето на
Охридското езеро, а потоа пред објектот, зазеле туѓа недвижност која со пропис е прогласена за имот за општа употреба-плажа. Тука, противправно поставиле 120 лежалки и 50 чадори за сонце, за чие користење вршеле наплата.