Skip to main content

Вања Иванова од Бугарија го пронајде скриеното богатство на Градиште

Во пресрет на денот на жената 8 ми Март, по осми пат  Заливот на коските во Градиште ги изненади туристиките, овој пат од Бугарија. Семејството Филеви ја продолжува традицијата.  Ковчегот со накитот од охридски бисери од под вода го донесоа нуркачите од Амфора, а со него беше закитен вратот и раката на младата Вања Иванова.

 |  Николоска Биљана  | 

Малото некогашно праисториско наколно живеалиште „Заливот на коските“ во Градиште, секоја година крие богатство за посетителите. Годинава дел од традицијата за пронаоѓање на охридскиот бисер изработен од фамилијата Филеви, беа туристките од Бугарија. Овој прекрасен настан кој секоја година се организира во пресрет на празникот на жената 8 ми март, не само што претставува своевидна атракција туку и ден кој засекогаш останува во спомен. Така го доживеа и младата туристка од Бугарија, Вања Иванова која беше најсреќна и го пронајде клучот на богатството.

„Изненадена сум, засекогаш ќе ми остане еден многу убав спомен од Охрид. За прв пат сум во Охрид и никогаш нема да го заборавам овој ден со посебни емоции ќе тргнеме и со убави подароци

Прекрасниот охридски бисер изработен во гердан и нараквица, на младата Вања лично и го врачи Михајло Филев. Тој истакна дека неговиот прадедо Никола Филев за прв пат на бугарската кралица Јоана Савојска во 1930 година и подарил бисер.

„На 8 ми Март ние секоја година достојноја одржуваме започнатата традиција го подаруваме охридскиот бисер изработен од фамилијата Филеви, со тоа на туристите има даваме една голема тежина, да тоа му остане еден голем спомен, а со тоа ние се етаблираме се повисоко на меѓународните рамки во културата на секое ниво

Секоја година внесуваме нови поатрактивни и поспектакуларни активности за пронаоѓање на охридскиот бисер во Заливот на коските, истакна туристичкиот водич Љупчо Јузмески. Годинава во тоа биле вклучени нуркачите од Амфора.

„Прво тие ја бараа паковката односно сертификатот на Филеви кој беше клучот за богатството а тоа дојде само за припадничките од понежниот пол, тоа беше бугарката Вања и во неа дојде богатството од Филеви

Охрид е една од посакуваните дестинации во Бугарија, вели Петја Димитрова која работи како екскурзиолог во Софија.

„Многу сме блиски, Охрид е прекрасен, луѓето се насмевнати, гостопримливи Охрид како туристичка дестинација се бара кај нас и не само што го предложуваме туку многу често носиме и групи. Бугарските туристи се враќаат во Охрид и кој еднаш пиел вода тука раскажува и задолжително повторно се враќа тука“.

Викендов и времето се погоди сончево, така што гостите од Бугарија во целост беа задоволни, заминаа со прекрасни впечатоци, откривајќи уште една убавина од нашето вредно културно историско и духовно богатство.